Вести Свет

Змии во српска црква – од зад олтарот извлекле три смока

Завчера жители на селото Раковац кај Бујановац, додека извршувале доброволни работи на реконструкцијата на старата селска црква, откриле три змии помеѓу влезот и олтарот. На местото веднаш бил повикан Владица Станковиќ од здружението „Поскок“ од Владичин Хан, кој извлекол од зад олтарот три степски смока.

– Најдолгиот е 1,5 метар, другите два се нешто помали. Секако, животните се вратени во природната средина. Ако има потреба, односно ако излезат нови змии, ќе дојдеме повторно од нашето здружение – вели Станковиќ за „ОК радио“, а пренесува „Еспресо“.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]