Вести Македонија

Град Скопје да дозволи пристап за домашните миленици во автобусите на ЈСП – бараат младите од ДОМ

Откако ЈСП соопшти дека во градските автобуси, лицата со попреченост ќе може да се возат со нивните кучиња придружници, Младинската организација на ДОМ ќе предложи до Советот на Град Скопје да биде разгледана можност, во автобусите да се дозволи пристап за домашните миленици.

„Потребата и бенефитите од истото се големи како за полесен и безбеден транспорт на милениците до саканата дестинација така и за сопствениците на истите – велат од МОДОМ.

Од таму апелираат да се изготви нов правилник за транспорт на домашни миленици со сите преземени безбедносни мерки, за милениците, сопствениците и останатите патници, со кои би се доближиле до европските стандарди по однос на ова прашање.

Младинската органиација на ДОМ овој предлог ќе го достави преку советниците од ДОМ во советот на Град Скопје.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]