Uncategorized Вести Македонија Спорт

(ФОТО) ФК „Љуботен“ – еден век и пасиште наместо стадион

Тетовскиот фудбалски клуб, кој во март прослави еден век постоење, рамо до рамо со 22 клубови во светот, има стадион кој рани цело стадо на овци и крави. Фудбалерите на третолигашот „Љуботен“ вчера кога отишле на тренинг, наишле на заклучена врата и цело стадо на стадионот. Фудбалерите се пожалија на Фејсбук:

-Денеска на стариот Градски стадион не ни беше дозволен тренинг. Наидовме на заклучена врата,а стадионот служеше за напасување на добиток. Покрај тоа што секојдневно се среќаваме со слични проблеми за време на тренинзите кои звучат банално,  како напасување на крави, кози, авто школа на атлетската патека и ред други работи за кои не им е место да се објават, денеска преку ова не може, а да не реагираме. Ги замолуваме градските власти да реагираат бидејќи овој стадион се користи исклучиво за тренинзи на млади категории на сите клубови во градот, напишаа од ФК „Љуботен“.

Фудбалскиот клуб Љуботен и официјално  е меѓу најстарите клубови во светот. На 28 март прослави 100 години од првиот натпревар. Со тоа,  овој тетовски бренд е листата со 22 фудбалски клубови од светот меѓу кои и клубот Шефилд, формиран 1857 година.

По еден век постоење, клубот  одвај опстојува во Третата  фудбалска лига. Најголем проблем се финансиите и условите за работа. Младите фудбалери тренираат во мизерни услови, на нерамен тренер на стариот градски стадион каде се напасува стока. ФК „ Љуботен“ живее од – локални бизниси.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]