Вести Култура

Во тек пријавувањето за планинарскиот марш по повод 143 години од Разловечкото востание

Традиционален планинарски марш што се организира по повод 143 години од Разловечкото востание ќе се одржи в недела во Делчево. Маршот, како што информираа од Општината, е со релација село Тработивиште – Свети води – Разловци и е во должина од осум километри.

– Општина Делчево и годинава е организизатор на овој планинарски марш со релативно лесна рекреативна патека со крајна цел до село Разловци. Во оваа прилика ги повикуваме сите планинари кои сакаат да земат учество на овој планинарски марш кој е од историско значење и кој минува низ еден интересен предел, да се пријават во Општина Делчево, најдоцна до 17 мај 2019 година.

Според планираната програма, збирното место за планинарите е во село Тработивиште во 8 часот на 19 мај. За учесниците има обезбедено ручек во селото Разловци, каде ќе се одржи и централната прослава со богата културно-уметничка програма, а ќе бидат доделени благодарници на учесниците.

Пријавувањето за учество на маршот трае до 17 мај 2019 година.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]