Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Скопје: Посебен режим на сообраќај поради манифестацијата „Авто Плус Стрит Шоу”

Утре со почеток од 8:00 до 20:00 часот, во организација на „АМП ТИМ” ДООЕЛ од Скопје, ќе се одржи манифестацијата „Авто Плус Стрит Шоу” на делот од булеварот „Илинден” од крстосница со улицата „Аминта 3-ти” до крстосница со пристапна улица за влез во објектот на Град Скопје.

Како што соопшти МВР, од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќај долж наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Истовремено МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]