Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Патот до Аеродромот Скопје затворен за сообраќај од 7:30 до 9 часот и од 16:15 часот

Поради посетата на папата Франциск патот до Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај од 7:30 часот до 9 часот, поради што сите патици кои имаат утрински летови требаше да стасаат на аеродромот до седум часот.

Како што соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до аеродромот во Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

Детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје и евентуални измени,  се достапни на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/.

Кај редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од град Скопје до Меѓународниот аеродром Скопје и во обратна насока, со официјалниот превозник „Манора”, утре временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје, која што ќе тргне половина час подоцна. Информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот се достапни на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en.

МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]