Вести Свет

Цената на златото ќе достигне 1400 долари до крајот на годината

Цената на златото до крајот на годината треба да достигне до 1400 долари, поради помалку агресивната политика на ФЕД за каматните стапки и долгогодишната глобална неизвесност.

Така оценуваат стручњаците за овој благороден метал.

Цената на златото за минатата недела се движеше околу 1286,6 долари за унца, пренесува CNBC.

Централните банки ширум светот купуваат злато во количини кои што не се видени во изминатите 50 години во рамките на диверзификација на резервите и дистанцирањето  од поедини валути, вклучувајќи го и американскиот долар,  пренесува CNBC.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]