Вести Македонија

Прегазено шестгодишно дете

Патничко возило удрило во шестгодишно дете во Скопје. Детето се здобило со тешки телесни повреди.

Според информациите во Полицискиот билтен, сообраќајната незгода се случила вчера околу 19 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје.

Патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(46) од село Сингелиќ, скопско, удрило во шестгодишно дете од село Сингелиќ, кое се здобило со тешки телесни повреди. Детето со друго возило било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]