Вести Македонија

Пиејќи вода, седумгодишно девојче се лизнало и тешко се повредило

Во Полициската станица Гостивар,вчера околу пладне било пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало. По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]