Вести Македонија

Пет изборни инциденти денеска – oсамнаа слики и графити

Во 03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во бараките во кругот на општина Кисела Вода било скршено стакло од влезна врата на еден од објектите, кој го користи политичка партија.

Во 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објектот на месната зедница „11-ти Октомври“ на ул.„Андреја Димишков“ бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Околу 08.10 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ѕидот од основното училиште „Гоце Делчев“ во село Избиште бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Околу 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на оградата од основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]