Вести Свет

Ирак забранува Фортнајт, лошо влијаел на младите

Ирачкиот клерик Моктада ал-Садр кој е шеф на шиитската милиција и е дел од владеачката коалиција во ирачкиот парламент, напиша писмо со кое бара да се забранат игрите како Фортнајт и ПУБГ (PlayerUnknown’s Battlegrounds), бидејќи предизвикувале зависност и имале негативно влијание на младите.

„Тоа не е игра за развивање на интелигенцијата ниту пак е воена игра која ќе те научи како правилно се војува,“ пресуди во својата рецензија ал-Садр

Во образложението на забраната се наведуваат и здравствени, морални, културни и безбедносни закани по ирачкото општество кои ги носат ваквите електронски игри.

 

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]