Image default
Спорт

Тајгер Вудс се врати! Легендата освои гренд слем титула по 11 години

Тајгер Вудс го комплетираше најголемиот кам-бек во голфот и еден од најголемите во било кој спорт, откако ја освои својата прва гренд слем титула во голф по 11 години по петтиот триумф на Мастерсот во Џорџија, облекувајќи ја славната зелена јакна.

43-годишниот Вудс во последната рунда влезе со заостанување зад лидерот Франческо Молинари, но притисокот го направи своето и топчето на Молинари двапати заврши во водата за да дозволи Вудс да го комплетира триумфот, негов 15-ти на големите турнири.

Вудс немаше освоено гренд слем титула од 2008 година, кога победи на САД опен, а во Огаста немаше триумф од 2005 година. По ова следуваше драматичниот пад во формата, комбиниран со разводот со неговата сопруга поради неговата неверност, а тука беше и апсењето во алкохолизирана состојба.

 

 

Преземено од: denar.mk

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

„Марка“: Модриќ не мрда од „Бернабеу“, потпишува нов договор до 2021-ва

Хамилтон и Ботас најбрзи на првиот тренинг во Јапонија

Габриела Додевска

Вардар домаќин на Металург на стартот во СЕХА

Трајче Гогов

Пронајдени делови од урнатиот авион: Фудбалерот на Кардиф најверојатно не ја преживеал несреќата

Трајче Гогов

Иџе не ја заврши втората трка во Асен

Македонските каратисти на подготовка во Банско за престојното СП во Мадрид

Габриела Додевска