Image default
Забава

Се’ за храна: Напиток со јаболко, лимон и цимет за согорување на мастите

Топлите денови се на прагот и многумина започнаа со диети, вежбање и пронаоѓање на начини за намалување на килограмите, детоксикација и обликување на телото. А кога сме кај тоа ви предлагаме нов напиток со јаболко, лимон и цимет, кој ќе ви помогне за полесно согорување на мастите.

Овој напиток има многу благодати за вашиот организам. Помага за согорување на мастите, ги чисти клетките од токсините, помага при акни и го подобрува здравјето на косата и кожата. Цејлонскиот цимет го поттикнува метаболизмот и го регулира нивото на шеќер во крвта. Лимонот помага за подобро варење на храната, а  истовремено ги елиминира токсините. Јаболката се богати со растителни влакна и даваат чувство на ситост. А комбинацијата на јаболка и цејлонски цимет на напитокот му даваат убав вкус.

Состојки:

  • 350 мл вода
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 1 мала лажичка цејлонски цимет
  • ½ мала лажичка кафеав шеќер (или стевиа по вкус)
  • ½ сечкано јаболко.

Подготовка:

  1. Во шејкер или блендер ставете ги сите состојки и мешајте за време од 10 секунди. Во добиениот сок ставете ги парчињата јаболко.
  2. Напитокот консумирајте го постепено, а јаболката грицкајте ги. На здравје!

Преземено од: https://sezahrana.mk/

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Моментот на „mood of silence“ низ фотографии

Габриела Додевска

Ирвасите на Дедо Мраз се женки

Заборавањето е корисно за вашиот мозок

Трајче Гогов

Настинката не смее да биде изговор за да трчате во зима

Габриела Додевска

Ако сакате да го намалите внесувањето на слатки, во тој случај џвакајте мастики

Се’ за храна: Зимски пунч од портокали

Трајче Гогов