Image default
Спорт Фудбал

Роналдињо не го отпишува Јунајтед против Барса

Првиот меч на „Олд Трафорд“ заврши со минимален успех за Каталонците со 1:0. Барса сепак е во
монструозна форма, што се однесува до дуелите на домашен терен во Европа, откако нема пораз во 30 последователни натпревари.

Легендарниот фудбалер на Барселона, Роналдињо даде свое видување во пресрет на четвртфиналниот реванш-дуел во Лигата на шампионите помеѓу неговиот поранешен тим и Манчестер Јунајтед.
Бразилскиот волшебник смета дека првиот гол на средбата ќе биде од исклучително
значење, а ако тој биде одбележан од англискиот тим, тогаш домаќините ќе бидат
разнишани.
Првиот меч на „Олд Трафорд“ заврши со минимален успех за Каталонците со 1:0. Барса
сепак е во монструозна форма, што се однесува до дуелите на домашен терен во Европа,
откако нема пораз во 30 последователни натпревари.
– Вистината е дека Барселона мораше да го заврши натпреварот уште во Манчестер,
бидејќи победа со 1:0 остава шанси на Манчестер Јунајтед за реваншот, изјави Роналдињо.
Сепак неговите очекувања се дека Барселона ќе продолжи напред.
-Мислам дека се чувствуваат удобно кога се домаќини, ако го постигна првиот гол на
натпреварот. Но ако Јунајтед даде прв, никој незнае што може да се случи, додаде
Бразилецот.

Преземено од: МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Лука Дончиќ не застанува со своите одлични игри(видео)

Трајче Гогов

Мурињо за Погба: Јас му ја дадов, јас му ја земам капитенската лента

Габриела Додевска

Триумфот над Монпелје нема да биде вреден ако не се победи Кристијанштад

Трајче Гогов

СП 2018: Фудбалската федерација на Србија ќе поднесе жалба до ФИФА

Кире Андонов

Мауро Икарди капитенот на Интер потпиша нов договор

ЕХФ: Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат!

Трајче Гогов