Image default
Вести Македонија

Зејно Бајрами победник на Кичевскиот шаховски турнир за слепи

Фото: Архива

Зејно Бајрами од Кичево го освои првото место на Отворениот турнир во шах за слепи и слабовидни лица, во индивидуална конкуренција, кој практично беше и државно првенство, што во изминатите два дена се одржа во Кичево.

На 16-то традиционално првенство во организација на Сојузот на слепи и слабовидни од Кичево, на кое учествуваа вкупно 14 шахисти од целата земја, второто место му припадна на Лазар Калчески од Битола додека, пак, третото место го освои Лиман Лимани од Тетово.

„Во организација на Сојузот на слепи и слабовидни лица на Кичево се одржа овој турнир, кој всушност е и државното првенство во шах во индивидуална конкуренција за слепи и слабовидни лица, бидејќи практично учествуваа шахисти од скоро сите краишта на нашата земја“, изјави претседателот на Кичевскиот сојуз на слепи и слабовидни, Зендел Зулбеари.

„Задоволен сум од освојувањето на овој турнир, кој за мене е втор освоен турнир за краток временски интервал, по освоеното прво место неодамна во Тирана, исто така, во индивидуална конкуренција“, порача победникот Бајрами.

Оваа победа, додаде тој, ме стимулира поинтензивно да работам и тренирам уште повеќе во наредниот период и се надевам на нови успеси.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

ОЈО: Ќе се истражува кој помогнал во бегството на Војминовски

Вања Мицевска

ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС: Ќе вее ли снег?

Трајче Гогов

Сто и четириесет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Габриела Додевска

Јакимовски останува во куќен притвор

Меркел на средба со Путин в сабота близу Берлин

Трајче Гогов

Опожарен стан во Дебар

Габриела Додевска