Image default
Вести Македонија

Во Скопје се одржа 23. „Македонска Олимпијада по информатика 2019“

Во организација на Здружението на информатичари на Македонија и Меѓународниот балкански универзитет, изминатиот викенд во Скопје се одржа 23. Македонска олимпијада по информатика, во чии рамки покрај натпревар за ученици од нашата земја, како и во претходните две календарски години беше организиран и натпревар од интернационален карактер.

На натпреварот на кој знаењата во областа на информатиката ги презентираа 22 ученици од нашата држава, беа доделени три златни, три сребрени и четири бронзени медали. Најдобри резултати покажаа Мартин Динев од Валандово, Благојче Павлевски од Прилеп и Андреј Величковски од Куманово. Освен признанија за постигнатите резултати, медалистите добија и пригодни подароци од Сорсикс, една од водечките ИТ компании во земјата која воедно е и еден од спонзорите на Олимпијадата по информатика.

Од Сорсикс велат дека на најдобрите македонски натпреварувачи им претстојат интернационалните натпревари што годинава се одржуваат во Словенија, Азербејџан и Грција.

На интернационалниот натпревар во рамки на Олимпијадата по информатика 2019, учествуваа педесетина учесници од Бугарија, Турција, Белгија, Србија, вклучително и од нашата земја, при што првото место им припадна на двајца ученици од Турција, информираат од Сорсикс.

Преземено од: МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја негуваме добрината кон другиот и да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите

Екологистите бараат одговор од Владата за гасоводот што треба да минува низ Парк шумата Водно

Вања Мицевска

Дневен билтен на Општина Штип – 12.06.2018

Моја Општина

Повреден лимар по пад при изведување градежни работи

Кире Андонов

Штип инкасирал во буџетот 82,5 милиони денари по основ на данок на имот

Кире Андонов

Шекеринска: Следната недела Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО