Image default
Вести Кошарка Македонија Спорт

Антиќ потврди: Ќе се кандидирам за претседател на МКФ

Она што се шпекулираше постојано, сега доби потврда. Перо Антиќ за првпат јавно најави дека ќе се кандидира за претседател на македонската кошаркарска федерација. Некогашниот капитен на нашиот најдобар национален тим и единствен Македонец кој настапувал во НБА-лигата изминатите години е еден од главните противници на политиката на се уште актуелниот прв човек на МКФ, Петар Наумоски, чиј мандат завршува.

„Спортмедиа“ дознава дека Наумоски ќе свика Собрание на МКФ по завршување на првенството. Тој ќе се повлече, нема да поднесе нова кандидатура. Еден од противниците на Антиќ ќе биде Владимир Темелковски кој силно “гризе“ кон претседателската фотелја, а за да стигне до таму помош ќе добие токму од Наумоски, кој попрво би го дал своето место на Темелковски, отколку на Антиќ.

Но, како ќе биде останува да видиме наскоро. Последниот кандидат за прв човек на МКФ е Есад Рахиќ.

Преземено од: sportmedia.mk

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Невремето предизвика многу штети на Балканот

Трајче Гогов

МЖ Транспорт: Воспоставен железничкиот сообраќај од Лисиче до Усје

Трајче Гогов

ОБСЕ апелира на мирни протести во Тирана, Амбасадата на САД повика да се избегнува собирот

Вања Мицевска

Ѓорчев ќе се кандидира за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Габриела Додевска

Припадници на Армијата на САД на обука на „Криволак“

Трајче Гогов

Во четврток вечер ратификација на Договорот од Преспа

Трајче Гогов