Image default
Uncategorized Вести Македонија

(ВИДЕО)Нов лапсус на Силјановска споделуваат твитерџиите

На синоќешниот митинг пред Владата, кандидатката на ВМРО ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова го згреши датумот на изборите.
Наместо на 21-ви април, Силјановска ги повика присутните на гласање на 21 септември. Во првите десет дена од кампањата, професорката имаше проблем со некои од точните називи на местата каде се одвиваа митнзите, па наместо неготинчани ги поздрави кавадарчани, додека во Кочани кажа дека Кичево е градот од каде потекнува нејзината свекрва. Струмичани досетливо ја дочекаа со транспарент со цел да ја потсетат каде доаѓа. Кампањата донесе и забелешки од митинзите на кандидатот од противничкиот табор, СДСМ, Стево Пендаровски. Познатата реченица: „Ако не победиме да не сте ми излегле пред очи“, како и говорењата на некои од граѓаните на митинзите, беа експлоатирани во јавноста.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Татко и син нападнaти од крадци на дрва од нивниот двор

Емилија Бунтеска Нацоска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во очај поднесува кривична пријава за непостоечко дело

Ѓуриќ: Засега немаме никаква понуда за решение за Косово

Трајче Гогов

Ахмети: Сите кои сакаат интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржат референдумот

Даночната реформа предвидува да се напушти рамниот и се воведе прогресивен данот во државава

Габриела Додевска

Иванов на претседателската сесија на 22. Евроазиски економски самит

Габриела Додевска