Image default
Вести Култура

Во Париз промоција на францускиот превод на „Париз на Омер Калеши” од академик Старова

На  традиционалниот „Салон на книгата на Балканот” во Париз денеска ќе биде промовиран францускиот превод на книгата „Париз на Омер Калеши” од академик Луан Старова.

Покрај авторот, академик Старова, на овој настан ќе присуствува и сликарот Омер Калеши, кој повеќе од полвина век, живее и создава во Париз во градот на светлината, а е и почесен член на МАНУ.

Станува збор за книгата разговори помеѓу сликарот Омер Калеши и писателот, водени во Скопје, Париз и Истанбул, објавена неодамна во Скопје, во издание на МАНУ. Предговорот е на професорот Ферид Мухиќ.

Омер Калеши се смета за еден од најголемите живи балкански сликари. Роден е во Македонија, во Кичево, школуван на Академијата за убавите уметности во Истанбул, од каде заминува за Париз. Калеши изложувал свои слики во големите париски галерии, додека за него се пишувани обемни монографии. Последниве години, се создаваат посебни галерии од неговото сликарство во Македонија, на Косово, а последната, пред извесно време во Бурса, Турција.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Нормализиран сообраќајот рафинерија Миладиновци кон Куманово

Почна увидот во Избирачкиот список за гласање во странство, ќе трае до 14 март

Весна Крстева

На манастирот на Пресвета Богородица-Пречиста и е вратена голема светиња украдена пред четири години

Кире Андонов

Обвинетиот Митрески за „27 април”: Бевме изманипулирани од идејата за т.н. “Тиранска платформа”

Габриела Додевска

По војната во БиХ, мини убија 665 луѓе, а се смета дека има заостанато уште 79.000 мини

„Арената Филип Втори“ замина во историјата новото име на стадионот е „Национална Арена Тоше Проески“

Габриела Додевска