Поради одржување митинг, денеска во 20:30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.
Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...