Image default
Вести Македонија

Река: Концептот „За република” значи правна држава еднаква за сите

Во држава каде што граѓаните не се чувствуваат еднакви и каде имаме неодговорни политичари, како во изминативе 18 години, а тоа предизвика голем егзодус, треба да ги смениме нештата, истакна вечерва во Кичево, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река.

Река, на митингот најдолго говореше за неговиот концепт „За република”, што во основа за него значи правна држава за сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или која било друга припадност.

Тој упати критики до градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, бидејќи, како што рече, не е присутен на собирот.

Претседателскиот кандидат истакна дека тој со неговиот концепт порачува сите да бидат еднакви.

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, нагласи дека Албанците ќе гласаат со дигнитет за концептот „За република”, што го нуди Река.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Дел од Припор денеска без вода

Трајче Гогов

Жител на Визбегово тешко повреден по удар од возило во Скопје

Трајче Гогов

Власта и опозицијата ги почнуваат разговорите за иднината на СЈО

Кире Андонов

Ирска и Финска со отворена поддршка за евроинтеграцијата на Македонија

Кире Андонов

„Жолти елеци“ предизвикаа денеска хаос во сообраќајот ги окупираа наплатните рампи

Габриела Додевска

Административец си присвоил осум мобилни телефони што биле за колегите

Весна Коловска