Image default
Вести Македонија

Тевдовски: Очекуваме растот на странските директни инвестиции да се удвои на пет отсто од БДП

Се очекува растот на странските директни инвестиции да се искачи на над пет отсто од БДП, одржливо ниво, во периодот по пристапување во НАТО. Ова е двојно повеќе од просечната стапка на раст на странски директни инвестиции во Република Северна Македонија во изминатите пет години. За нашата земја ова ќе значи поголема вработеност, подобро платени работни места и повисок стандард за живеење.

Ова, како што соопштија од Министерството за финансии, го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во своето обраќање на реномираниот „Bush School of Government and Public Service” А&M Универзитетот во Тексас, зборувајќи за напредокот на земјата и ефектите од истиот.

-Членството во НАТО имаше огромно влијание на другите земји од регионот. Ако го споредувате периодот пред и по пристапувањето кон НАТО, странските директни инвестиции како процент од БДП кај некои од земјите се удвоија, додека кај други дури се триплираа. Не гледам зошто Северна Македонија би била исклучок од ова. Ако изминатите пет години просечната стапка на раст на странски директни инвестиции како процент од БДП беше релативно ниска и изнесуваше околу 2,5 отсто, очекувањата се дека во следниот период тие ќе се искачат на одржливо ниво од над пет отсто како процент на БДП, рече Тевдовски.

Тој истакна дека како министер имал бројни контакти со странски инвеститори, корпоративни и финансиски и дека секогаш предмет на интерес на тие средби било и прашањето за политичка стабилизација, за решение за спорот со името и за прогресот во интеграциите кон ЕУ и НАТО.

-На економски план Северна Македонија е стабилна, западно ориентирана земја. Со политичката стабилизација, договорот со Грција и прогресот во евроатланските интеграции ги елиминира политичките пречки и дава основа за повисоки инвестиции и економски раст во периодот кој доаѓа. Членството во НАТО е гаранција за стабилност и долгорочна одржливост. Затоа верувам дека економските бенефити ќе бидат брзо видливи – повисоките странски, како и домашни инвестиции ќе резултираат со повисок извоз, повисока вработеност и плати и повисок животен стандард за граѓаните, рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека земјата  успешно ја задржала макроекономската и финансиската стабилност, како и дека очекува тоа да се задржи и во иднина. Тој рече дека денарот е стабилен, инфлацијата ниска и стабилна, дефицитот на тековната сметка низок, банкарскиот и финансискиот систем стабилен, додека државниот долг е меѓу најниските во регионот и Европа. Исто така, истакна дека економијата на земјата е блиску поврзана со ЕУ, така што 80 отсто од извозот е во земјите во ЕУ, околу 80 отсто од странските инвестиции доаѓаат од Унијата, а исто така и три четвртини од банките се со странски капитал, повторно од ЕУ.

„Bush School  of Government and Public Service” е една од најдобро рангираните школи во САД за јавна администрација, меѓународни односи и надворешна политика. На „Bush School of Government” обраќања и предавања држеле гувернери, конгресмени, сенатори, амбасадори и познати универзитетски професори. Затоа ова е одлична можност за промовирање на нашата земја, како и реформите и напорите што ги прави во насока на евроатланските интеграции и економски развој.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Течат роковите за подготовки за претседателските избори

Габриела Додевска

Одрон и беспарица ја затворија Титовата пештера во Дрвар

Љупчо Шатевски

Поради кибер напад попречено печатењето на неколку американски медиуми

Габриела Додевска

„Витаминка“ очекува стимулации за домашно призводство на сончоглед

Вања Мицевска

Новинарите со тужба против државата ќе ја бараат правдата за „27 април“

Вања Мицевска

Симпозиум „Едукација за оралното здравје”

Љупчо Шатевски