Image default
Вести Македонија

Стефансон: Шведска очекува СЈО да биде дел од правниот систем

Шведската Влада високо ја вреднува работата на Специјалното јавно обвинителство. Продолжувањето на досегашните истраги, обвиненија и случаи треба да биде обезбедено, пренел амбасадорот на Шведска во Република Северна Македонија, Матс Стафансон на средбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзините соработници.

Како што соопштија од Шведската амбасада, Стафансон нагласил дека Шведска и другите земји членки на Европската Унија одблиску ги следат преземените чекори за измените на Законот за јавното обвинителство, со кои СЈО би станало постојан дел на правниот систем на Северна Македонија и во иднината би требало исто така да има проширен мандат за делување со други случаи на корупција на високо ниво.

Амбасадорот Стафансон ги поздравил позитивните промени кои се случуваа во изминатиот период во нашата земја и нагласил дека се уште постои силна потреба за справување со корупцијата на високо ниво и за истражување на бројните индикации за злоупотреба на моќ, кои произлегуваат од снимените комуникации.

– Во овој контекст, СЈО мора да ја задржи својата круцијална улога преку осигурување на неговите капацитети и независност. Бидејќи има јасно влијание врз ЕУ перспективата на Северна Македонија, политичките партии и Собранието би требало да го решаваат ова прашање со огромна итност, порачал Стефансон на средбата со Јанева. 

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Битолскиот полицаец во прилепскиот Основен суд ја призна вината за свирепото убиство на својот сограѓанин

Кире Андонов

Aудио водич на шест јазици за домашните и странските туристи во Музејот во Крива Паланка

Вања Мицевска

На 14 март ново рочиште за случајот „Тендери” на СЈО

Габриела Додевска

Охриѓанецот Наумче Здравевски е новиот милионер

Кире Андонов

Лани во Европа од сипаници починале 72 лица – соопшти СЗО

Вања Мицевска

Во критична состојба четворица пациенти, останатите стабилни

Весна Коловска