Image default
Вести Македонија

Османи: Европската интеграција отвора нови можности за развој на бизнисите

Темите поврзани со европските интеграции на земјава и статусот на спроведените реформи од аспект на можностите и потенцијалите кои им стануваат достапни на бизнисите во рамки на единствениот европски пазар, како и подобрување на нивниот развој во контекст на стабилизираната политичко-економска состојба во земјата во последниве две години, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и претседателката на Европската бизнис асоцијација (ЕБА) Катерина Бошевска.

На средбата, информираат од СЕП, вицепремиерот Османи посочи дека европската интеграција отвора нови можности за развој на бизнисите.

-Извесната европска интеграција на земјава придонесува за подобрување на бизнис климата со имплементацијата на европските стандарди и вредности во работењето на бизнис секторот, при што позитивно влијае и на унапредувањето на економските односи со ЕУ, обезбедувајќи взаемни придобивки за бизнисите, рече вицепремиерот Османи.

Од овој аспект, додаде, улогата на ЕБА во евроинтегративниот процес очекувам дополнително да придонесе за доближување на практиките на македонските бизниси до европското бизнис опкружување.

На средбата, посочуваат од СЕП, се разговараше и за можноста за директно ангажирање на ЕБА во делот на подобрување на искористеноста на ЕУ фондовите кои се на располагање за македонските компании, со цел поттикнување на развојот на претприемништвото, како и воопшто потесна соработка на Асоцијацијата со Секретаријатот и со владините институции.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Без откупни центри бадијала земјоделците од тетовско се иновативни

Кире Андонов

Отуството од работа на повредените во автобуската несреќа да се води како „несреќа на работа“

Весна Коловска

Товарен воз удрил во одрони од карпа кај Велес, повредени нема, железничкиот сообраќај во прекин

Кире Андонов

„Таргет-Тврдина” одложена поради одлучувањето за притворот на Мијалков во Апелација

Предлог листата за нови антикорупционери пред Комисијата за избори и именувања

Весна Коловска

ДСЗИ: Загадена храна од „Гала кујна” причина за цревните инфекции кај децата во ФФМ