Image default
Вести Македонија Свет

Меркел и Макрон организираат конференција за западен Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон кон крајот на овој месец во Берлин ќе организираат заедничка конференција на која се повикани земјите од западен Балкан, потоа Хрватска и Словенија, како и претставници на Европската комисија, синоќа е соопштено во Берлин.

„На конференцијата што ќе се одржи на 29 април се очекуваат највисоките претставници на тие земји“, рече еден од портпаролите на германската влада. Главни теми на разговорите би требало да бидат стабилноста и развојот на регионот. Како што јавува германската новинска агенција ДПА, Меркел и Макрон со гостите сакаат да расправаат за посебните предизвици во регионот, особено за односите помеѓу Србија и Косово.

Германија и Франција се иницијатори на таканаречениот Берлински процес што започна во 2014 година со цел за стабилизација, безбедност и подобрување на политичките и на стопанските односи помеѓу земјите од западен Балкан – Албанија, БиХ, Црна Гора, Македонија и Србија.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Утре почнува разгледувањето на одбиените апликации од Министерството за култура

Весна Коловска

Во сабота протести против Договорот од Преспа во Солун

Габриела Додевска

Мас: На Велика Британија треба да и’ се даде повеќе време за договор за Брегзит

Вања Мицевска

Неколку приватни компании ќе дадат дополнително три месеци породилно за вработените

Во Руанда пронајдени масовни гробници со тела на 5.400 жртви

Трајче Гогов

Тензии на Косово- нема невини

Кире Андонов