Image default
Вести Култура

Ревија на олдтајмери викендов во Делчево

Во организација на Здружението „Kings of the roаds“, а со поддршка на oпштината, оваа сабота на 13 април, ќе се одржи четвртата ревија на популарните „олд тајмери“ на која се очекува учество на над 70 стари автомобили. Изложбата и оваа година ќе биде меѓународна, при што организаторот Лоренцо Трајановски, најавува присуство на популарни олд тајмери од 10 градови од соседна Бугарија, но и од Србија, како и од Македонија.

-Оваа година само од Делчево ќе имаме триесетина автомобили кои се добро зачувани и за кои знаеме дека сопствениците добро се грижат. Очекуваме дел од ретроревијата да бидат шевролети, бјуик, бмв, старите и добро познати возила од застава, волга, фијат, трабант, мазда, мерцедес, ланчија, опел и други. Оваа е убава можност, повторно да им оддадеме признание на старите добри автомобили кои денеска ретко се среќаваат во сообраќајот, но кои испишале убава автомобилска историја, рече Трајановски.

Градоначалникот Горан Трајковски, кој е покровител на ревијата, ги повика жителите од целиот регион да бидат дел од оваа атракција.

-Јас посебно го ценам ентузијазмот на претставниците од Здружението кои го запишаа Делчево на листата европски градови, каде ревијата на ретроавтомобилите е посебна традиција и атракција. Заедно со претставниците од здружението сакаме да му дадеме нов белег на нашиот град по кој ќе биде препознатлив. Општина Делчево ги препознава добрите иницијативи и дава максимална поддршка за нивна реализација, рече Трајковски.

Ревијата на стари автомобили ќе се одржува на паркингот пред градскиот стадион во Делчево. За учесниците се обезбедени благодарници и пехари кои ќе бидат доделени на учесникот со најстар автомобил, на најдобро реставриран и за најмлад учесник. Согласно со програмата ревијата започнува во 10 часот, а во 12 часот е најавено дефиле низ улиците во центарот на градот.

Валери Спасевски

 

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа

Трајче Гогов

Наскоро почнува вградувањето микрочипови кај домашните миленичиња

Трајче Гогов

Завршен настан и промоција на мултимедијални видеа во рамки на проектот „Младинска медиумска писменост“

Вања Мицевска

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

Кире Андонов

Со обвинувања и проблеми почна учебната година во Гостивар

Вања Мицевска

Србија се надева дека ќе произведува нова верзија на „фиат“

Љупчо Шатевски