Image default
Вести Македонија

Пендаровски: Ќе ги вратам професионалците во дипломатијата

Чекорењето напред кон ЕУ и НАТО ќе донесат големи придобивки за државата. Веќе се чувствуваат резултатите во економијата. Ова меѓу другото беше порачано на синоќешната трибина во Кавадарци  од кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

Посочи на бројката од речиси 625 милиони евра странски инвестиции што влегле во нашата држава, само за 2018 година.

„Ако минатата година беше година на интеграциите, оваа и следната година ќе бидат години на економијата којашто веќе бележи раст и тоа со темпо со кое што не сме биле со години, и тоа е поради отворените интеграции. Во јуни очекуваме датум за почеток на преговорите со ЕУ, може да замислите какви ‘се фондови и економски можности ќе се отворат за нашата држава“ рече Пендаровски.

Тој нагласи дека во моментов земјава нема амбасадори во 22 држави, бидејќи актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов сите професионални кадри ги опструирал. Вети враќање на професионални кадри во дипломатијата.

Премиерот Зоран Заев упати порака за помирување. Само сплотени, рече, може да чекориме напред со пета брзина. Нагласи дека е потребно да продолжат евро-атланските интеграциски политики .

Исплативме за 2014/15/16/17 година 110 милиони евра заостанати субвенции, секоја година даваме паралелно 140 милиони евра субвенции, доделени се 424 грантови од по 10.000 евра само во земјоделството.ЕУ е платено грозје, ЕУ е укината акциза за ракијата на 0 проценти“ , рече Заев и ги претстави имињата на странските инвестиции што влегле во земјава, откако за тоа беше повикан од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.

Кандидатот за претседател на трибини се сретна и со жителите на Градско, Росоман и Неготино.

Ангел Данов

 

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

СДСМ: Буџетот за 2019 обезбедува економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Трајче Гогов

По деветти пат генерациска срадба на резервните офицери на ШРОП во Билеча

Вања Мицевска

Албанскиот принц Лека Зогу предлага обединување на Албанија и Косово

Вања Мицевска

Забрана за камиони на превојот Стража

Трајче Гогов

КСС од Куманово порачуваат: Бараме поголеми плати во јавниот сектор

Габриела Додевска

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се сретнаа со Ципрас

Весна Крстева