Image default
Вести Македонија

Ќе се градат базени во 14 градови низ државата

Ќе се градат 14 пливачки базени за што се обезбедени средства во износ од 30.000.000 денари, одлучи денеска Владата.

Базени ќе се градат во Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, а општините треба да предложат локација и да обезбедат одобрение за градба.

Информацијата за реализација на проектот, како што соопшти владината прес-служба, е усвоена на денешната седница.

– Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните три години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба, велат од владината прес- служба.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]ms.mk

Поврзани вести

Димитриевски учествуваше на Генералното собрание на Асоцијацијата на градови на мирот

Кире Андонов

Набавката на новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ ги исфрла од употреба најстарите дизел автобуси

Кире Андонов

Преспа, маседонијалес

Трајче Гогов

Шекеринска и Царовска во посета на шелтер-центар: Нема да се толерира насилство врз жените и децата

Габриела Додевска

Кржалоски поднесе оставка, заминува од позицијата претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ

Габриела Додевска

ОБСЕ за изборите испраќа 31 парламентарец

Весна Коловска