Image default
Вести Македонија

Неуспешни разговори – ВМРО ДПМНЕ не се согласува СЈО да биде самостоен орган

Без резултат завршија разговорите меѓу работните групи за Законот за јавното обвнителство и местото на СЈО во рамките на обвинителскиот систем и почнатите истраги. Министерката за правда Рената Дескоска објави дека работните групи не се доближиле во ставовите.

-Барањето на ВМРО ДПМНЕ, СЈО да бидел дел од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а не посебно обвинителство, не може да биде прифатено, прво поради самата Стратегија на правосудството во која е предвидено СЈО да продолжи како обвинителство, а не како одделение. Друга клучна разлика се почнатите предистраги, истраги и обвиненија на ова обвинителство, што се покренати по 18 месеци од неговата работа. Барањето за прекинување на овие постапки и нивно евентуално ново отпочнување, значи на некој начин губање на голем број сериозни докази, со што постои опасност на губење на процеси, а со тоа и амнестирање, рече министерката Дескоска.

Оставен е простор ВМРО ДПМНЕ повторно да ги разгледа своите предлози и до четврток да соопштат кои се нивните ставови, за евентуално нова средба во петок.

Од друга страна, предводникот на работната група на ВМРО ДПМНЕ Тони Менкиновски, по излегувањето , средбата ја оцени како „плодна“

-Овој закон навистина има потреба од амандмани за подобрување на работата на јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање. Сметаме дека СЈО треба да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал. Не се прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот“, рече Менкиноски, кој истакна дека во четврток ќе ги достават нивните амандмани, рече Менкиновски.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Совет за етика во медиумите: Говор на омраза, дискриминација по разни основи најчести прекршувања на кодексот на новинари

Габриела Додевска

Ѓорчев бара повлекување на законските измени за нови функционери, Заев тврди ќе се подобреле услугите за граѓаните

Вања Мицевска

Ново рочиште за „Насилство во Центар”, ќе сведочи Саша Богдановиќ

Габриела Додевска

Трајче Иванов го освои најголемиот Милионер џек пот вреден 1.791.299 денари

Вања Мицевска

Зголемен број на скршеници и повреди во Тиквешко како последица на снегот и мразот

Трајче Гогов

Мицкоски: Не размислуваме за пораз, ниту за бојкот