Вести Македонија

ВМРО ДПМНЕ со прашање дали идниот концесионер на Дрисла е со криминално минато

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција изнесе детали околу потенцијалниот нов концесионер на депонијата „Дрисла“ во Скопје. При тоа, беа упатени повеќе прашања го градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
-Петре Шилегов се уште не одговори дали нов партнер на градот во бизнисот со рециклажа на опасен отпад ќе биде лицето Петар Припуз кој е криминално гонен за серија криминалии во Хрватска? Петре Шилегов сеуште не одговори дали Петар Припуз сопственикот на ЦИОС и уште други десетина компании, ќе го пресели опасниот бизнис со најотровниот отпад од странство во Македонија и ќе ги труе граѓаните на Скопје? Петар Припуз е човекот кој во Хрватска е гонет заедно со загребшкиот градоначалник Милан Бандиќ за сериозни криминалии, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
Арсовски кажа дека Припуз се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои што требало да му бидат добавувачи. Никогаш не се утврдило дали навистина бил купен отпадот од негова страна односно дали физички стигнал до неговите фирми.
-Дали намерите на Петар Припуз и Петре Шилегов се да го преселат бизнисот на ЦИОС во Скопје и да реализираат сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што ќе се увезува и рециклира тука во Скопје, а притоа никој не води сметка во државата колку таков опасен отпад е увезено?, праша Арсовски.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]