Вести Култура

Хуманитарна активност за обнова на црквата ,,Св.Спас” во Владимирово

Музичарот, Горан Алачки и уметникот, Живко Поповски – Цветин в четврток и петок ќе организираат ликовно-музичка донаторска работилница во Берово. Целта на работилницата е да се соберат средства за обнова на црквата „Св. Спас” во село Владимирово која пред пет години изгоре во пожар.

Според Алачки, кој е потекло од Берово, во рамки на овој настан секој би донирал колку може.

„Секој од посетителите ќе може во донаторските кутии што ќе бидат поставени во ресторанот на Хотел Манастир да донира макар симболични 10, 50 или 100 денари, за една убава слика од Цветин што знаеме колку вреди“, вели Алачки во изјава за Македонската информативна агенција.

Општината ги поканува сите хумани граѓани на 21 и 22 март да дојдат во Берово и заеднички да уживаат во прекрасните звуци на Алачки проткаени со уметничките дела на Цветин и да помогнат во напорите за возобновување на опожарената црква.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]