Image default
Вести Македонија

Следната недела протест против рудникот Иловица-Штука

Фото: Архива

Активистите од иницијативата „Младите на Штука-Иловица против рудникот“ следната недела ќе протестираат. Тие го закажаа протестот за 24 март, а ќе протестираат против изградбата на рудникот за кој веруваат дека неповратно ќе ја загади животната средина во овој регион.

Протестот е најавен како марш, од Босилското игралиште па се’ до Општина Босилово, во чиј атар треба да се гради рудникот.

Активистите  укажуваат дека земјоделските површини во струмичката котлина имаат разгранет систем за наводнување . Појаснуваат дека водата за наводнување до нивите на земјоделците сега доаѓа од акумулацијата Турија, додека првите најпогодени села од рудникот Иловица и Штука се служат и од браната Иловица која се полни од реката Иловица.

Првото нешто што ќе претставува проблем за земјоделието е токму недостигот на вода за наводнување, која и онака е дефицитарна во летниот сушен период, зошто, како што е предвидено со планот на Еуромакс тие планираат да се служат пред се’ со водата од акумулацијата Турија!  Со тоа во прв план се намалува водниот фонд за земјоделците! Друг проблем со водите се подземните води  – предупредуваат активстите.

Според нив, загадената вода ќе значи и намален квалитет на земјоделските производи. Тие предупредуваат дека ова ќе значи намалување на пласманот на овие производи, што ќе влијае врз буџетот на земјоделците.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Девет лица влегуваат во трка за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ (Видео)

Вања Мицевска

Кавадарчани дишат загаден воздух

Трајче Гогов

Денот на жената во Словенија може да стане државен празник