Вести Македонија Спорт

Сејдини нов претседстел на ФФМ и покрај противењето на АМС

Муамед Сејдини, преставник од Општински фудбалски сојуз од Кичево, на редовното собрание е избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија. За Сејдини гласаа вкупно 82 делегати од 96 кои беа пријавени на почетокот.
Сејдини функцијата претседател на ФФМ ќе ја извршува до 2021 година кога му истекува редовниот мандат.
– Голема е честа да се биде прв човек на ФФМ, а уште поголема да се борам за доброто на македонскиот фудбал. Вратата во ФФМ секогаш ќе биде отворена за вљубениците во фудбалот. Сакам, заедно сите да се соочиме со предизвиците и да ги прифатиме со две раце. Ве убедувам дека не погрешивте со изборот,изјави Сејдини после изборот.

На изборот на Сејдни се противи Агенцијата за млади и спорт. Директорот Дарко Каевски вчера на вондредната прес-конференција истакна дека без усогласување на статутот на ФФМ со уставот и законот за спорт, ќе го смета за нелегитимно денешното собрание на ФФМ во Охрид.
Каевски најави преземање на соодветни мерки, ако не се исполнат барањата од државната агенција, но не прецизираше кои се тие мерки.-Не сакаме да прејудицираме, туку ќе почекаме да видиме што ќе се случи на собранието на ФФМ, а доколку не го направат тоа што треба, тогаш АМС ќе ги преземе сите мерки, па постои можност и да им го одземеме решението за дејност спорт, кажа Каевски.

Од друга страна, Давор Шукер, кој како претставник на УЕФА го следеше денешниот избор, порача дека не смее да се меша политиката во спорот, дека статутот на ФФМ е усогласен со УЕФА и ФИФА, а Сејдини е легитимно избран за претседател на федерацијата.

-Вие сте ДНК на македонскиот фудбал и ние како УЕФА секогаш ќе ја помагаме ФФМ како наша членка. Сепак, сакам да пчотенцирам дека политиката не смее да се меша во спортот. Статутот на ФФМ е сосема во согласност на УЕФА и на ФИФА, кажа Шукер на отворањето на Собранието во Охрид.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]