Image default
Вести Свет

Вучиќ: Не бегам никаде, не попуштам пред фашистички лидери и тајкуни

Српскиот претседател, Александар Вучиќ во изјава објавена на Инстрагам во 15.20 часот нагласува дека нема да го напушти Претседателството и нема да попушти пред „фашистичкиот лидер“ Бошко Обрадовиќ и тајкуните Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ. Тој додава никогаш нема да се откаже од борбата за пристојна и модерна Србија.

„Јас сум во мојата канцеларија во Претседателството. Нема да бегам, нема да заминам. Принципите за кои се залагам се повредни од животот. Никогаш нема да се откажам од борбата за пристојна и модерна Србија, нема да се повлечам пред фашистичкиот водач и тајкуни, крадци кои ја оштетија земјата. Не излегуваме одовде не затоа што не можеме, туку затоа што не сакаме да повредиме никого. Сакаме да ја зачуваме секоја српска глава, па дури и онаа што фашистите ја завеле“, се наведува во објавата.

Во меѓувреме дел од демонтрантите кои се пред зградата на Претседателството се упатија кон полцииска станица каде се приведени лица по вчерашниот упад во РТС во бид да издејствуваат нивно ослободување, јавија белградски медиуми.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Столтенберг го информирал Димитров дека се подготвува Пристапниот протокол

Кире Андонов

Средба во луксузниот „Капела“: Јонг-ун и Трамп на 12 јуни на Сентоса

Трајче Гогов

Што го предизвика цунамито во Индонезија, и зошто немаше предупредување

Трајче Гогов