Image default
Вести Македонија

„Титаник 3″ ќе продолжи на 17 април

Судењето за предметот „Титаник 3″ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на ОИК во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал”, ќе продолжи на 17 април.

На денешното рочиште со кое по трет пат почна судскиот процес за овој предмет на СЈО, беа изведувани материјални докази и повторно преслушувани „бомбите”.

Обвинителот Гаврил Бубевски побара согласност од обвинетите и одбраната да не се повторува изнесувањето на  материјалните докази, кои веќе двапати се изнесуваа пред претходниот судечки совет. Побара сето тоа да се пренесе од минатиот записник со што, како што рече, не би се повторувал.

Обвинетите не се согласија со предлогот на обвинителот и продолжи изведувањето на материјалните докази. Во една од бомбите се слушна како двајца разговараат за изборите, при што едниот му вика на соговорникот да гласа за Струмица бидејќи ќе биде потребно и за Чаир.

Бубески презентираше извештаи на избирачки одбори од  локалните избори во 2013 кои содржат сумирани резултати за изборот на градоначалник на Општина Чаир, кои пак, како што рече обвинителот, видливи се поправки на документите кои докажуваат како не треба да се водат записници.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Се самоуби Марго Кидер, првата Луис Лејн од „Супермен“

Трајче Гогов

Околу 30.000 мигрантски бебиња се родиле во Германија годинава

Вања Мицевска

На Груевски за „Траекторија” ќе му се суди во отсуство

Вања Мицевска