Вести Македонија

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко веќе три месеци се вози со ,,ауди А6“

Денес на електронскиот систем за јавни набавки беше објавен склучениот договор на општина Струга со приватната компанија Јосифов Дооел Битола, а за кој К77 пишуваше уште во jануари годинава, кога луксузниoт автомобил ауди А6 вреден 66.700 евра пристигна на адреса на општина Струга и со кој струшкиот градоначалник Рамис Мерко се вози веќе три месеци.

Станува збор за автомобил-лимузина седан верзија, црна боја со 4 врати, на дизел гориво со моќност од минимум140кw со автоматски менувач и врвна луксузна опрема.Дополнитено општината со пари од општинскиот буџет купи уште три патнички автомобили и тоа шкода октавија“, лимузина со пет седишта, а вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, исто така лимузини со пет седишта, а кои чинат по 14.205 евра.Истите ќе биле користени за потребите на администрацијата и инспекциските служби. Според него нема ништо спорно во набавката на возилото кое тој ќе го користи, бидејки тоа било обично „ауди А6“ од само 2.000 кубика.Вкупната сума која беше одвоена  беше приближно 6 милиони денари или околу 100.000 евра без ДДВ.Минатата година по објават дека општината сака да набави луксузно возило и под притисок на јавноста првиот, оглас беше поништен и повлечен.Градоначалникот Мерко уште во јануари рече дека новите возила биле набавени од продажбата на старите возила со кои претходно располагала општината и со дополнителни средства од буџетот. Според него нема ништо спорно во набавката на возилото кое тој ќе го користи, бидејки тоа било обично „ауди А6“ од само 2.000 кубика.Обвинуваше дека во времето на претходната локална власт на чело со Зијадин Села за 4 години биле потрошени 100.000 евра само за сервисирање и поправка на автомобилите. За Алијансата на Албанците Мерко се луксузира на смета на стружани. Набавката на нови возила доаѓа во период кога Струга има други проблеми за решавање, набавка на нови камиони за противпожарната служба, комплетно решавање на проблемот со депонијата и водата за пиење.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]