Вести Македонија

Сите освен Дуровски прогласени за виновни за делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок“

18 години затвор  за Митко Чавков, ослободен е оперскиот пејач  Игор Дурловски, додека  15 годишна затворска казна добија Јане Ченто, Мумир  Пепиќ, Митко Пешов, Влатко Трајковски, Душко Лазаров,Горан Гошевски – Леви и Никола Митровски – Кољо.  14 години за Вилијам Михајловски, 13 години на Оливер Поповски, 12 години за Игор Југ,Младен Додевски и Горанче Ангеловски, 8 години за Александар Василевски – Нинџа. Најмала затворска казна доби полизаиецот Абдулфета Алими – 7 години. Обвинетите казната ја примија беа реакции, освен еден извик: „Аирлија“.

Обвинителката предложи продолжување на мерката притвор за осудените Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски Влатко Трајковски, бидејќи според неа постои опасност од бегство. За преостанатите за кои е изречена затворска казна е побарано определување мерка притвор до правосилност на пресудата.

Сите се осудени за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието на 27 април 2017.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]