Image default
Вести Македонија

Повеќе од половина час се чека за влез во Бугарија кај ГП Станке Лисичково

Поради пад на компјутерскиот систем повеќе од половина час се чека за влез во Република Бугарија кај граничниот премин Станке Лисичково. Како што информираат возачи, кои брзо ја завршиле процедурата за излез од Република Северна Македонија кај граничниот премин Делчево од бугарска страна застојот почнал околу 16 часот.

– Веќе половина час чекаме за влез во Република Бугарија. Ни рекоа дека причината е пад на компјутерскиот систем. Додека трае застојот граничари ја вршат стандардната проверка за убрзување на процедурата при враќањето во нормала на комјутерскиот систем, велат возачи од Делчево.

Додадоа дека моментално за влез во Бугарија чекаат околу 30 автомобили и неколку товарни возила.

За решавање на овој проблем кој претставува тесно грло во сообраќајот пред еден месец бугарскиот европратеник Анреј Ковачев, кој беше во посета на Делчево, најави реконструкција на граничниот премин Станке Лисичково по што се очекува да се решат проблемите со застојот.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

„Но(е)ва Македонија“ најновата премиера на битолскиот театар – претстава која говори против човечката глупост

Кире Андонов

Мета: Влезот на Македонија во НАТО дополнителна гаранција за безбедноста во регионот

Трајче Гогов

Неисплатените плати и придонеси најголем проблем за македонските работници