Image default
Вести Македонија

Над три милиони евра потрошило лани СЈО

За оваа година, Специјалното јавно обвинителство има буџет од на 3,7 милиони евра. Лани СЈО потрошило 85% од одобрениот буџет. Според извештајот на ова обвинителство, вкупната реализација на одобрениот буџет за 2018 година, заклучно со 31.12.2018 година изнесува 195.321.542,00 денари денари или 85,43 отсто од буџетот на ова Јавно обвинителство.

Од одобрениот буџет за 2019 година во вкупен износ од 228.633.000,00 денари, во периодот од 01.01.2018 година, заклучно со 15.03.2018 година реализирани се средства во вкупен износ од 37.161.139,00 денари или 16,25 проценти од одобрениот буџет за 2019 година.

Од СЈО посочуваат и дека во текот на овој извештаен период подготвеноста на поголем дел од институциите да соработуваат со ова Јавно обвинителство во рамки на законски предвидените обврски продолжи и од тие причини изразуваат уверување дека ваквата пракса на соработка како на домашно ниво така и со меѓународните институции ќе биде интензивирана во претстојниот период.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Два пожари во Кавадаречко 

Рама: Честитки за моите пријатели Ципрас и Заев за историскиот договор

Кире Андонов

„Стандард“: Сите би сакале да влијаат на Балканот

Трајче Гогов