Спорт Фудбал

Како една реченица на Џерард, го предомислила Суарез за трансфер во Арсенал

„Топчиите“ се уште неможат да се помират со податокот дека испратија понуда до Ливерпул за Луис Суарез, но дека тој на крајот реши да ги одби.

Но по неколку сезони, сега самиот фудбалер од Уругвај открива која била причината која била посилна на „вагањето“ кој чекор да го направи и кој правец да го фати.

Суарез имаше тогаш откупна клаузула од 40 милион фунти, а Арсенал испрати понуда од 40 милиони и една фунта, но Ливерпул не се согласи на тој трансфер, а подоцна Суарез се пресели во Барселона за драстично поголема цифра.

Суарез во тој период отслужуваше казна од 10 натпревари поради гризањето на Бане Ивановиќ во Челси.

„Размислував за Арсенал, се форсирав сам себеси, велејки си дека треба да одам, но Стивен Џерард ми рече дека ако останам уште една сезона, потоа следната сезона може да ми претстои трансфер во Баерн, Барселона или Реал Мадрид, во џиновски клубови, ми рече да останам на Енфилд, затоа што со Арсенал сигурно нема да бидам подобар“.

„Тоа беше и мојата последна дебата со Џерард во тој момент, па го известив мојот агент дека донесов одлука да останам во Ливерпул. Неговите зборови ме убедија, Џерард ме убеди“, открива Суарез.

 

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]