Забава

Како да учите за современите деловни предизвици?

Кога ќе се спомене учењето, дали и за Вас е прва асоцијација училишната клупа или непроспиените ноќи во текот на периодот на испити, во суштина формално и организирано учење?

Всушност, поголемиот дел од учењето, дури 90%, што ние го стекнуваме во текот на нашиот живот е од неформален тип. Интеракција со семејството и пријателите, книги, филмови, статии и содржини кои природно ве интересираат се канали од кои добивате најголем број на информации.

Луѓето се љубопитни суштества кои секогаш активно се обидуваат да учат и да се здобијат со знаења преку искуство и интеракција, сепак, без оглед колку сте разноврсни и информирани, во претходните години без диплома не ја имаате способноста да го дојдете до Вашиот сон за работа ако немаате соодветни квалификации. Во последниве години, со растот на социјалните медиуми и онлајн платформи се проширија знаењата, што за еден дел од работните места на пазарот на трудот, за работодавците повеќе дипломата не е одлучувачка. На листата на работни места, кои се многу добро платени, но во исто време не бараат одредена диплома на интервјуто за работа, во прв ред е широката палета на ИТ и маркетинг.

Во 2016 година, објавени се резултатите од анкетата на која присуствуваа повеќе од 50.000 програмери од 173 земји, кои покажаа дека дури 69,1% од нив, се самоуки, и вештините се стекнати неформално. Невидливата рака на пазарот ја регулира понудата и побарувачката, така што многу работодавци мораа да се фокусираат на вистинските вештини на потенцијалните вработени во однос на нивните дипломи.

Истражувањата во јануари оваа година покажува дека околу една третина од дипломираните студенти во Велика Британија се сомневаат дека направиле добар избор со одење на факултет, бидејќи тие веруваат дека може да најдат подобро платени работни места и професии доколку избрале неформално учење.

Построги барања и за формално образование

Иако од досегашниот текст имаме впечаток дека пред нас имаме вистинска револуција во областа на образованието, една студија од Харвард бизнис школата во 2017 година наведува дека движењето од еден дел од пазарот на трудот, неизбежно ќе доведе до поместување и во разни други области.

Работни места, кои до неодамна не бараа факултетска диплома, како што се, на пример, секретарка, сега се бараат  такви квалификации. Во САД во текот на 2017 година речиси 6 милиони работни места ги поместија своите критериуми и почнаа да бараат од своите вработени официјално образование.

Ако се земе предвид дека околу две третини од младите луѓе се занимаваат со неформално учење секој ден, и тоа во траење од еден час, се чини дека работодавците треба да посветат повеќе време во охрабрување на работниците да се здобијат со знаења на начин кој е за нив близок, а на работодавачот на долг рок корисен. Поточно, време е компаниите да работат на развој на најдобриот пристап за учење на нивните вработени и дефинирање на реални критериуми за одредени работни места.

 

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]