Вести Свет

Бомбашот од Нов Зеланд, Брентон Тарант, лани бил на Балканот

Србија, Црна Гора и Бугарија, а од таму во Романија и Унгарија, се земјите што ги поминал 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант, кој во две џамии во Нов Зеланд уби 49 лица. Дека бил во Бугарија,  потврди државниот обвинител Сотир Цацаров, откако премиерот Бојко Борисов свика вонредна средба на службите за безбедност во врска со нападот во Крајстчерч, Нов Зеланд. Повод за итниот состанок беше фотографијата, каде се гледа дека на автоматската пушка на терористот имаше напишани натписи на бугарски јазик .

Обвинителот Цацаров кажа дека напаѓачот дошол во Бугарија во ноември 2018 година. Претходно, тој пропатувал преку Црна Гора во Србија. Тарант посетил неколку бугарски градови – Плевен, Големо Трново, Благоевград, Пловдив, Асеновград, Банско, Бачково, Габрово, Софија, Перник. На 17 ноември 2018 година тој заминал за Букурешт, Романија, а од таму со изнајмен автомобил оди во Унгарија.

Нема докази дека лицето извршувало терористички активности на територијата на Бугарија.

Сепак, нема докази дека неговиот престој во Бугарија не е поврзан со туризмот, бидејќи напаѓачот патувал низ историски места, рече државниот обвинител. Министерот за внатрешни работи, Малден Маринов, рече дека бугарските служби немаат информации за терористички интерес и врски во Бугарија.

Заменик-премиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева изјави дека Бугарија на овој начин не сака овој терористички акт да биде поврзан со бугарската  историја.

-Во никој случај не сакаме овој чин да биде поврзуван со Бугарија и бугарската историја. Ние сме толерантен народ, живееме во мир и разбирање со различни етноси и религии. Така треба да бидеме пример за етничка толеранција и да продолжиме да бидеме сите народи во светот, рече заменик-премиерката.

Захариева е категорична дека по направените наоди од добиениот сигнал и седницата на штабот на контратерозизам е констатирано дека австралискиот државјанин Тарант ја посетил Бугарија само како турист.

Да потсетиме дека 49 лица загинале при пукањето во две џамии  во градот Крајстчерч во Нов Зеланд. 41 лица загинаа во џамијата Дејан авенија и седум во Линвуд џамијата. Едно лице почина во болница. 48 лица беа ранети со огнено оружје , вклучувајќи и деца. Некои се во критична состојба.

Во некои од кадрите од видеото што го сподели напаѓачот, може да види дека стрелецот има напишано натписи на бугарски и српски јазик на касетите за неговото автоматско оружје.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]