Image default
Свет

Боинг продолжува со производство на проблематичната флота 737 Макс

По двете фатални несреќи и приземјени модели од типот на 737 Макс 8 во целиот свет, Боинг продолжува со производство на проблематичната флота 737 Макс, објави CNN.

Се разбира, компанијата ќе продолжи со производство на оваа флота со детална работа на откривање на проблемите кои се можни причинители за падовите на двата авиони 737 Макс 8. За да се осигура безбедноста на патниците, компанијата привремено ја запре испорака на тој модел на авиони.

Боинг (БА) ја објави својата одлука за прекин на испораката на авионот во четвртокот навечер.

Да се ​​потсетиме, целата паника во врска со споменатиот авионски модел беше создадена бидејќи во последните 6 месеци два авиони на Boeing 737 MAX 8 се урнаа кратко време по полетувањето. Оваа недела се урна Боинг на авиокомпанија Ethiopia Airlines, при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот, а во октомври минатата година, Боинг на  компанијата Lion Air се урна над Јаванското море, при што загинаа 189 луѓе.

737 Max е најпродаваниот авион на компанијата и покрај двете трагични несреќи, и побарувачката за овој модел е сеуште висока.

“Не сум изненаден од овој потег. Тоа ќе биде голем товар за Боинг да стави крај на производството на 737 Макс поради привремени слетувања”, изјави Каи Вон Румор, воздухопловен аналитичар.

“Престанокот на производството ќе им наштети на производителите на компоненти кои ги користи Боинг. Особено сега, кога Боинг работи на подобрување на ефикасноста на производството, за што  поскоро  авионите да бидат доставени до авиокомпаниите. Компанијата за еден месец изработува околу 52 авиони од типот 737 Макс “, додаде тој.

50 земји приземнија од тој модел на авиони

Кога поради неисправност на батеријата, 787 Dreamliner беше приземјен на три месеци во 2013 година, Боинг, исто така продолжи да го произведува овој модел.

“Се разбира, авиокомпаниите не е во нивен интерес да прифатат испорака на авиони, кои не можат или не смеат да летаат. Авио компанијата обично при испорака плаќа само околу 60% од вкупната цена на авионите”, изјави Каи Вон Румор.

Вкупно 50 земји приземнија од контроверзниот авион 737 MAX 8. Тие се: Австралија,  Австрија,  Белгија,  Бугарија,  Бермуди,  Канада,  Кина,  Хрватска, Кипар,  Чешка, Данска, Египет,  Естонија,  Финска,  Франција,  Германија,  Грција,  Унгарија,  Индија,  Индонезија,  Ирак,  Ирска,  Италија,  Кувајт,  Латвија, Либан,  Литванија,  Луксембург,  Малезија,  Малта,  Мексико,  Монголија,  Холандија, Нов Зеланд,  Оман,  Панама,  Полска,  Португалија,  Романија, Сингапур,  Словачка,  Словенија,  Шпанија ,  Шведска,  Швајцарија, Тајланд,  Турција,  Обединетите Арапски Емирати,  Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

 

Превземено од: denar.mk

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Албанците масовно се иселуваат од својата земја, повеќе од 360.000 бараат американска виза

Габриела Додевска

Девојчето од Шведска ги стресе лидерите: Само зборувате за климата, а им ја крадете иднината на децата (видео)

Кире Андонов

Ѓуриќ: Засега немаме никаква понуда за решение за Косово

Трајче Гогов