Image default
Вести Македонија

Антикорупциска ќе ја проверува имотната состојба на Ѓорге Иванов,од неговиот кабинет побараа еднаков аршин за сите

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска објави дека ќе врши проверка на имотот на претседателот Ѓорге Иванов.

Како што изјави денеска на петтата седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, Антикорупциската комисија проверката ќе ја врши по допрен глас, согласно членовите 92 и 85.

Мандатот на Иванов му истекува на 12 мај годинава, а проверката на имотната состојба е со цел да се види каква промена има во имотот на претседателот во двата негови мандати.

Минатата недела ДКСК објави дека предмет на постапка на Антикорупциската комисија ќе бидат предизборните унапредувања и именувања во Армијата што, како што наведоа оттаму, Иванов ги потпишал во предизборен период.

Попладнево реакција пристигна од Кабинетот на Претседателот.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија,  онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов,се вели во реакцијата.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Се преврте автобус на патот Скопје Тетово

Вања Мицевска

Традиционален марш по повод 8. Март на Форумот на жени на СДСМ

Габриела Додевска

Фотографија направена во Абу Даби покажува што беше Југославија во светот

Трајче Гогов