Image default
Вести Македонија

Четворица вработени во УБК проневериле над 823.000 евра

За проневера на над 823.000 евра службени пари се сомничат четворица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, меѓу кои и поранешниот шеф на кабинет на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека надлежен јавен обвинител од, денеска издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, македонски државјани. Лицата се осомничени дека како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 50.670.000,00 денари.
Имено, во периодот од јануари 2007 година до мај 2017 година, осомничените како службени лица во Управата за безбедност и контраразузнавање, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК”. Во наведениот временски период, во 172 наврати, осомничените подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција” ги уништувале, без посебно одобрение од Директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција. Со ваквите дејствија предизвикале штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 50.670.000,00 денари.
Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје1 -Скопје, достави предлог за определување на мерката -притвор за осомничените, соопштија од Обвинителството.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Времето денес:Променливо со температури околу просекот, дожд в среда и в петок

Трајче Гогов

Индекс на демократија 2018: Македонија на 78 место

Вања Мицевска

Холандска пратеничка се самоуби откако изјавила дека била силувана од мигранти