Image default
Вести Македонија

Саздовски починал од силен удар, одбраната бара второ мислење

Вешто лице од судска медицина денеска во Кривичниот суд во Скопје повеќе од два часа одговараше на прашања од обвинителството и одбраната за вештачењето изработено по реконструкцијата на настанот на убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, за кое се обвинети Бесир Беља, Скендер Демири и уште едно лице кое е во бегство.

Вештакот, во својот исказ пред судот, рече дека по направената реконструкција и увидот во списите, остануваат на ставот за начинот и причините на смртта на сега покојниот Саздовски.

– Сега покојниот починал по силен удар во предел на главата, а не од удари настанати со пад или удар на афалт или кутија, со оглед дека на телото не се констатирани никакви повреди од пад на тврда подлога, што е наведено и во претходните вештачења и искази пред овој суд, истакна вештакот.

Во однос на страдањето, вештакот посочи на дел од вештачењето дека врз основа на повредите на сега починатиот, како истегнување на вратниот пршлен, ударите во пределот на главата кои довеле до оштетување на крвните садови под меките ткивни обвивки, тој почувствувал болка од силен интензитет што траела кратко време и со оглед на здобиените повреди тој брзо загубил свест и таа болка траела во многу краток временски период.

– Тој временски период, со оглед на сведочењата на реконструкцијата, се одвивал неколку минути. Притоа што и еден од сведоците кажа дека Саздовски од здобиените удари паднал. Што се однесува на стравот, кај сега покојниот постоел примарен страв, што се манифестира со загриженост за својот живот и што траел до губење на свеста. Од губење на свеста до времето на  самата обдукција според медицинската анализа тој бил во коматозна состојба и одржуван на апарати и не можел да чувствува ниту физички болки, ниту страв, рече вештакот.

Прашан дали овие повреди се директно поврзани со смртта на Саздовски, вештакот рече дека повредите во пределот на главата претставуваат директна причинска последична врска со смртта.

Во однос на тоа дали може да се заклучи дека фатален е ударот со нога во пределот на вратот, додека бил на земја по претходно добиените удари во главата, тој рече дека не може да каже која е фатална повреда за смртта.

– Не може со сигурност да кажеме која од овие три повреди е фатална, со оглед дека се со силен интензитет и во краток временски интервал, што сите кумулативно резултираат со губење на свест и крварење под мекото ткиво на главата, рече вештакот.

Бранителот Насер Рауфи, го праша дали е сигурен дека сега починатиот не удрил во металната кутија, на што вештакот рече дека конкретната кутија претставува тапо тврдо средство, а не сила со која би се нанеле повредите на сега покојниот, туку прашањето е дали тој со движење од претходен удар се здобил со повреда од тој предмет.

– Повторно ќе кажам доколку сега покојниот удрил со глава во метална кутија, па дури и да било по удар со нога, кај него удар од таков остар предмет на неговата кожа не се констатирани. Нема никакви траги кои укажуваат на повреда настаната од удар во таа кутија или асфалтот, истакна вештакот.

Адвокатот Рауфи, на крајот во приговор до судот, наведе дека според него вештакот користи селективни параметри при одредување на временскиот интервал, што во својот исказ на неколку пати вештакот ги посочува.

Рауфи побара и второ мислење од Институтот за судска медицина, но по предлог на обвинителството, судот дозволи вештакот да биде директно испрашан од одбраната со цел дообјаснување на некои деловите од вештачењето.

Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска, и на почетокот дозволи обвинителството и одбраната да предложат доколку имаат дополнителни докази по извршениот увид во списите од реконструкцијата на настанот, со оглед дека се исцрпени сите предложени материјални докази.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид” на булеварот „Александар Македонски” во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје” во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Македонска Каменица доби современо повеќенаменско спортско игралиште (видео)

Кире Андонов

Спасовски: Нема случаи на киднапирање и вадење органи, тоа се дезинформации

Весна Крстева

Интервју со Дејзи – Џез Рок Фестивал

Кире Андонов