Image default
Вести Македонија

За каков рекет, мафијашки работи и криминал во СЈО под палка на Јанева зборува Мицкоски?

За само неколку дена, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, три пати остро ја нападна Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, споменувајќи мафијашко и рекетарско работење во СЈО за да се затскријат истрагите?! Мицкоски, по средбата со Заев во неделата, па на средба со граѓани и на тв интервју се дообјасни и кажа дека разочаран е од капацитетот на Јанева, впечаток што го добил на средбата со неа, која средба пак, како што објаснува Јанева „била коректна“.

Но, ајде малку да ги анализираме изјавите на Мицкоски и да прогнозираме дали на повидок ќе биде нов скандал со главен играч Катица јанева во „мафијашко-рекетарскиот стил“, зашто, ако нема докази за такво нешто, Мицкоски би излегол смешен и политички незрел, да тврди нешто што не може да го поткрепи понатаму.

-Сметам дека тимот на Катица Јанева го изгуби професионалниот и човечкиот кредибилитет. Бевме сведоци на мафијашки работи, со цел да се затскрие трагата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако се обидеме да ја „дешифрираме“ изјавава Мицкоски овде зборува за криминал во СЈО, а се апсело за да се скријат мафијашките работи?!

А, најмафијашките работи во денешно време се уцени, закани, инуда и рекет!

Има и некој на некој список на Мицкоски кој ќе посведочи дека бил рекетиран од СЈО, од Катица Јанева како репрезент на ова обвинителство или блиски до нејзе? Не верувам дека би дал ваква изјава, ако нема докази за тоа.

-Ќе бараме Комисија составена од членови на политички партии да направи комплетна ревизија на работењето на СЈО. ВМРО-ДПМНЕ има сериозни индиции дека во СЈО не се работело по закон.

Дваесет милиони евра пари на даночните обврзници се потрошени, а резултатите се катастрофални. Да истражиме дали овие индиции се точни“ – рече Мицкоски.

Сепак, лидерот на опозицијата не застана само на обвинувањата за трошење на буџетот во СЈО, туку отиде и чекор понатаму, говорејќи и за рекет од други лица, кои со Јанева прават селфи и ги полнат социјалните мрежи.

-Јас имам индиции и дека близок роднина на специјалната јавна обвинителка е дел од менаџментот на една телевизија и дека се користи нејзината позиција во комуникација со потенцијални спонзори на таа телевизија“, обвини Мицкоски.

СвЕДОК веќе пишуваше за вработување на синот на Јанева во 1ТВ, односнао фирмата „мајка“ на телевизијата, а „комуникацијата“ која ја споменува Мицкоски, со стандарден речник може да се преведе како закана, рекет или уцена?!

Секако, ова е муабет кој подолго време кружи низ градов, но давањето на овие информации од политичка партија веќе добиваат на тежина.

Како и да е, извесно е дека ВМРО ДПМНЕ нема да го поддржи законот за СЈО во ваква форма, а посебно не со Катица Јанева на чело на СЈО во иднина.

Медиумите веќе нашироко пишуваа и за кавгите во СЈО, поделбата на табори но и за деспотското однесување на Јанева кон странките, вработените, обвинителите па дури и кон новинари.

јанева, на новинари „кои ја нервирале“ знаела да им стане од столица, да се налакти со рацете на маса, во поза небаре подготвена за тепање и да им „држи лекции“ која била таа, а кои се тие!

 

Präsident der VMRO-DPMNE-Partei Hristijan Mickoski (mitte) (Press service of the Government of Republic of Macedonia)

Колку и да изгледа дека Заев стои зад тимот на Јанева, доколку овие сознанија Мицкоски му ги пренел на Заев, што по јавните настапи излегува дека му се предочени, не ветува дека и СДСМ би застанал зад неа, под ризик рејтингот да им падне уште неколку проценти, како што се случило поради аферата со непотизмот при вработувањата.

посебно што СЈО, пак е расадник на вработување роднини, почнувајќи од внукот од сестра на Јанева, до детето на обвинителката Елизабета Јосифовска и до куп роднини на другите вработени.

За парите пак, за кои и Мицкоски се сомнева како биле трошени, СВЕДОК пишуваше дека во првата година Катица Јанева барала од обвинителката Марија Ѓорѓева (сега во во ОЈО за гонење организиран криминал) да потпише дека спровела набавки на вредност од околу 400 илјади евра. Ѓорѓева одбила, по што беше избркана од Јанева од СЈО, а набавката наводно ја потпишала Јосифовска, на која подоцна и е вработена половина фамилија во ова обвинителство!

Според сегашното решение, мандатот на Јанева истекува на 15 септември годинава. Каква ќе биде последната верзија на законскиот предлог ќе зависи од учинокот на работните групи на власта и опозицијата. Три дена по лидерската средба, Мицкоски вчера соопшти дека од нивна страна била утврдена работна група, но изрази разочараност што нивната работа ќе биде посветена само на две законски решенија – за законот за Јавното обвинителство и за Агенцијата за национална безбедност.

Преземео од Сведок

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата со прогресивниот данок е на пат да ја уништи македонската еконoмија

Кире Андонов

Убиецот од Флорида на испитувањето зборува за демони (видео)

Трајче Гогов

Богдановиќ се огласи за инцидентот кај Буњаковец: Службениците ќе бидат санкционирани

Вања Мицевска