Image default
Вести Свет

Ердоган ја изгради најголемата болница во светот голема колку 100 стадиони

Една милијарда евра чини болницата, која денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја пушти во употреба. Тоа е една од најголемите болници во светот, во главниот град на земјата, Анкара, и покрај критиките против него за скапи и грандиозни градежни проекти во неговите 16 години владеење.

Трошоците за изградба на болница во Анкара (Градска болница Анкара) се проценуваат на една милијарда евра, додека нејзиниата површина се пресметува еднаква на околу 100 фудбалски игралишта. Болницата е опремена со 3810 кревети, 131 операциони сали и 904 клиники и ќе биде во можност за да се згрижат 30.000 пациенти, како и за останати 8000 дневни пациенти.

Како што пишува Ројтерс, големите градежни проекти го подобрија квалитетот на животот на милиони граѓани во Турција, но се критикува нивната прекумерна цена.Како одговор на критиките, Ердоган рече дека оние што се противат на изградбата на такви болници се против сите поголеми проекти што ги спроведува неговата влада.

-Тие се против изградбата на мостови, автопати, тунели, аеродроми, експресни патишта, болници и училишта, но, токму тие најмногу ги користат”, рече турскиот претседател на свеченото отворање. -Исто како што направивме во одбранбената индустрија, мора да ја спасиме нашата земја од странска зависност од медицинска и медицинска технологија”, рече тој.

Анкара планира да отвори уште 30 болници врз основа на моделот јавно приватно партнерство, забележува Ројтерс. Од своја страна, Ердоган рече дека такви големи болници ќе бидат во можност да обезбеди комплетна медицинска нега во еден комплекс.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Приведени разбојници од Скопје, оперирале главно по аптеки

Трајче Гогов

Општината Свети Николе постапила по наодите на Државната ревизија

Моја Општина

Во Скопје вчера 20 сообраќајки, еден загинат

Габриела Додевска