Вести Македонија

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација со брзината

Седум лица се лишени од слобода и се наоѓаат во полициска станица во Скопје, за автобуската несреќа што се случи на 13 –ти минатиот месец кај селото Ласкарци. Во текот на денешниот ден лицата ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

Осомничени се за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Во тие седум лица се и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, управителот на фирмата, возачот, три лица кои работеле во фирмата која правела технички преглед на автобусот и едно лице кое издавало потврда дека автобусот е исправен.  Како главна причина за сообраќајната несреќа, шефот на Основото Јавно Обвинителство Сашо Рајчев ги наведува не соодветната брзина на движење и неисправност на сопирачките.

„Дозволената брзина е 80 километри на час за ваков вид на возила, за ваков вид на возила до 3,5 тоа е 100 километри на час, над 3,5 тоа е 80 километри на час. Овој автобус е 15 тони, лимитот на брзината е 80 километри на час, што значи возачот управувал со недозволена брзина. Главна причина е брзината, недозволена брзина и не можноста соодветно да сопре да ја избегне катастрофалната незгода, а од друга страна и не целоснаta исправност на уредите за сопирање, тоа е главните причини“, вели Рајчев.

Сопстевникот и управител на правното лице превозник, не водел грижа за исправноста на такографот, вели Рајчев кој додава дека второ осомничениот раководител од правното лице превозник овозможил да се инсталира уред во автобусот со кој се манипулирал такографот и истиот правилно не ја евидентирал брзината на движење на автобусот.

„Им било познато дека при техничкиот преглед на овие двајца осомничени не е во целост исправен уредот за сопирање, а овозможиле автобусот секојдневно да превезува  патници“, изјави Рајчев.

Според вештите лица евидентирани се кочења откако возачот ја преминал заштитната ограда, помеѓу коловозните ленти во двете насоки, но тоа помогнало вели Рајчев за да се спречи големата несреќа во која загинаа 15 патници.

„Уредот за сопирање, не работел, односно делумно работел. Не работеле според оние стандарди кои се пропишани  за автобуси кои што вршат јавен превоз. Возачот изгубил контрола, вештите лица од областа на сообраќајот кажуваат дека возачот изгубил контрола над управувачот на автобусот, а придонес за тоа е брзината и потоа одбегнување на незгодата, неисправноста на сопирачките за соодветно да реагира и да го запре автобусот“, објаснува Рајчев.

Според вештањата возачот не користел мобилен телефон во моментот на несреќата, ниту пак за несреќата влијаела неговата здравствена состојба, со оглед на тоа што е утврдено дека бил дијабетичар, но како што вели Рајчев тоа немало влијание за да се случи несреќата кај Ласкарци. Во текот на предистражната постапка па до денеска биле испитани вкупно 47 лица.

Габриела Додевска

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]