Image default
Вести Македонија

Амбасада на САД: Политичките лидери да избегнуваат потпалувачки изјави

Потпалувачките изјави на политички лидери предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершкиот процес. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог во однос на напредокот на земјата. Клучно е лидерите овде да се ангажираат во поцивилизиран дијалог што ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, објави попладнево Амбасадата на САД на својот Фејсбук профил.

Ваквата реакција на Амбасадата следува по вчерашната изјава на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вчера во ТВ интервју го спореди судењето на обвинетитет за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година со Нирнбершкиот процес, односно со судењето на нацистите по Втората светска војна.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Коцијанчиќ: Европската перспектива на Скопје е многу сигурна и покрај заканите на грчката опозиција

Вања Мицевска

Реконструкција на патниот правец Пеширово – Ерџелија

Кире Андонов

Застрелано едно лице во угостителски објект во Тетово

Кире Андонов